More

    Николоски ги израдува лозарите во Кавадарци

    spot_img

    „Ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра според сето она што можам да го прочитам, во форма на анализа и на податоци, производството е намалено и извозот е намален“.

    Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за време на неговата посета на Винскиот музеј во Кавадарци.

    Николоски рече дека производството е намалено за околу 8 милиони литри, а извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно.

    Според него, тоа не се добри бројки, а споредбата меѓу 2023 година и 2016 година покажува дека политиката за производство на вино е лоша.

    – Причини за тоа се лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите во секторот – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Александар Николоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да има гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, а и да го промени системот на субвенции, што значи повеќе субвенции за производителите. Во планот е вклучено и возобновувањето на водоснабдителните системи, како и изградбата на нови.

    – И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие за да се зголеми конкуренцијата, а и да се подобрат цените и производството – додаде Николоски.

    Тој рече дека во однос на малите и на средните винарии, тие планираат целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнат винариите да растат, да извезуваат и да се борат на домашниот пазар, но и на меѓународниот пазар, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ смета дека малите и средни винарии, наречени и семејни винарии, се иднината на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img