More

    Нема присуство на бактеријата салмонела во мострите што ги зел Центарот за јавно здравје од Кочани кај лица и површини во детската градинка во Берово

    spot_img

    Нема присуство на бактеријата салмонела во мострите што ги зел Центарот за јавно здравје од Кочани кај лица и површини во детската градинка во Берово. Испитувањата од примероците покажале негативни резултати, но ќе биде потребно уште едно деноноќие за да се добијат анализите од мострите од храната.

    – Претстои уште 24-часовен период за да се утврди дали во земените примероци храна има некакви траги од салмонела. Без разлика на ваквиот резултат, нашата работа овде нема да прекине, туку ќе работиме на утврдување што ја предизвикало заразата оваа зараза. Децата кои се пожалија на здравствени проблеми биле пријавени кај матичните лекари, кои ни испратија копрокултура  – изјави Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

    Според епидемиолошката служба во Центарот, во зависност од тоа каде ќе биде откриено бактериско присуство на салмонела ќе се види дали има и други позитивни случаи во беровскиот регион.

    Како превентивна мерка, додека целосно да завршат анализите на земените примероци храна, кујната во градинката „23 август“ во Берово ќе остане затворена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img