More

    Николина Пишек повторно на суд со свекорот Миша Гроф

    spot_img

    Хрватската водителка Николина Пишек води јавна војна со својот свекор Миша Гроф по смртта на нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ.

    Иако Витор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, неодамна откри дека ги повлекол сите тужби против снаата Николина Пишек, водителката со најновата објава покажа дека јавната војна меѓу нив сè уште не е завршена.

    Имено, Николина вчера објави фотографии од ходникот на Граѓанскиот суд во Загреб, поточно од Одделот за семејни односи.

    „И така…“ пишува на првата фотографија.

     

     

    Николина потоа објавила фотографија од судската сала, а оставила и краток ироничен опис.

    „Слушам дека надвор е сончево“.

     

    По објавите на својот инстаграм-профил, Николина за српски „Блиц“ се огласила за актуелните случувања во судскиот спор со нејзиниот свекор Миша Гроф.

    „Не би коментирала ништо. Навистина немам сила по четири часа слушање идиотизми“, кратко изјавила Николина.

    Да потсетиме, секретарката на Миша Гроф открила дека никогаш немало намера да и го одземе имотот на Николина, туку сакал да се избори за правата на ќерката на Видое од првиот брак, Матеа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img