More

    Никола Роквиќ посебно ѝ се заблагодари на сопругата на Ноле

    spot_img

    Српскиот пејач Никола Роквиќ ја основаше фондацијата „Семејство“ и пеш тргна кон Егина, патување долго 1.060 километри, со цел да собере пари за помош на децата.

    Поддршка во оваа мисија доби и од сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, која донираше пари.

    Роквиќ посебно ѝ се заблагодари за донацијата:

    – Сакам јавно да се заблагодарам на драгата Јелена Ѓоковиќ, која ја поддржа нашата мисија и која од срце даде донација. Јело, поздрави го Ноле, да сте живи, Господ да ве благослови – вели Никола во видеото на Инстаграм, кое на својата приказна го сподели и самата Јелена.

    – Овој пат за детската радост. Средствата одат за детската онкологија во Ниш. Господ да те благослови тебе и твоето прекрасно семејство – му одговорила Јелена Ѓоковиќ на Никола.

    Да потсетиме, собрани се парите за реновирање на детската онколошка секција, како и за потребните апарати кои ќе помогнат за дијагностицирање на рак на мозокот. Станува збор за сума од 200.000 евра.


    Најубавата вест ја соопштија Бојана Баровиќ и Никола Роквиќ, на 24-от ден откако пејачот тргна пеш за Егина, на аџилак.

    – Успеавме!!! На денешен ден, кога го славиме Светскиот ден на семејството, нашата прва цел е постигната! Одиме понатаму, нема застанување, со Божја помош за Егина!!! Овој пат за детската радост! Благодарам – соопшти Никола Роквиќ во објава на Инстаграм.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img