More

    Наоми Кемпбел се појави во Кан во фустан што го носела како 25-годишна девојка

    spot_img

    Филмскиот фестивал во Кан традиционално од година в година ги обединува убавиците од светот на шоубизнисот на црвениот тепих, а Наоми Кемпбел е долгогодишна пријателка и посетителка на оваа престижна манифестација.

    Кемпбел пристигнала на фестивалот во Кан во винтиџ креација на брендот „Шанел“, потсетувајќи нè на почетоците на нејзината кариера. Всушност, првпат го носела во 1996 година на свои 25 години и во подем на својата модна кариера.

     

    Имено, прекрасната манекенка избрала тоалета која веќе ја носеше во 1996 година на ревијата на оваа француска модна куќа, докажувајќи ни дека времето за неа одамна застанало. Оваа жена изгледа како да не старее!

    Наоми ја носела креацијата стара 28 години, која е истовремено и многу гламурозна, но и многу шик. Изработена е од црни светкави детали и попречни изрези пополнети со проѕирен материјал, така што потсетуваат на пруги, а ја красат и бисерни прерамки – многу елегантен и шармантен детаљ.

    И додека пред речиси 3 децении атмосферата во општеството беше нешто поконтроверзна, Наоми тогаш под оваа полупроѕирна креација носеше црни хеланки. Но, сега под фустанот носела само црна долна облека, откривајќи ги своите извајани долги нозе.

    Кемпбел го заокружила изданието со црни салонки и дијамантски обетки, а на сите им се допаднала и нејзината „дива“ коса, полна со волумен и заводливата шминка.

     

    Малку жени, па дури и професионални манекенки, кои можат да кажат дека од 25-тата година не „накачиле“ ниту грам телесна тежина, а Наоми спаѓа во таа категорија и овој фустан е жив доказ за истото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img