Врската меѓу британскиот крал Чарлс Трети и неговиот помлад син, принцот Хари, никогаш не била полоша. Медиумите на островот и во САД, каде Хари живее со сопругата Меган и децата Арчи и Лилибет, сега открија дека посетата на Хари на неговата татковина завршила доста непријатно.
Имено, на почетокот на септември, принцот пристигна во Лондон, каде беше прославена првата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора, неговата баба. Тој, исто така, беше на доделувањето на наградата на организацијата WellChild која им помага на семејствата со тешко болни деца, а со која долго време соработува. Потоа, тој отпатува во Германија, во Дизелдорф на спортските игри Инвиктус, кои ги основал во 2014 година.
Престојот во Лондон, како што сега открива „ЈуЕс дејли“, не поминал добро „на многу нивоа“. За време на неговата посета во септември, принцот беше фотографиран како излегува од капелата во замокот Виндзор, каде што е погребана кралицата. Беше видно тажен и сериозен, а изгледа не само поради баба му, туку и од други причини.
Бидејќи куќата Фрогмор им беше одземена од Чарлс Трети, принцот Хари и Меган Маркл немаат официјална резиденција во Велика Британија и наводно принцот сакал да преноќи во Виндзор, но неговото барање било одбиено.
Според „ЈуЕс дејли“ и „ТелеграФ“, вработените во замокот „кои со радост ја раскажале непријатната приказна“, тврдат дека на Хари му било кажано дека „не е можно да се исполни неговото барање бидејќи ниту еден имот не е спремен за толку краток временски период“. Исто така, кралот Чарлс го поканил својот син да му се придружи во замокот Балморал во Шкотска, каде што починала кралицата, но Хари одбил „бидејќи бил многу зафатен со игрите „Инвиктус“. Очекувано, тој не се дружел со својот брат, принцот Вилијам и неговото семејство, кои, секако, во тоа време не биле во Лондон, туку извршувале „кралски должности“ оддалечени 200 километри, во Борнмаут.
Приказната не застанала тука, ако треба да им веруваме на „сигурни извори“ кои по дифолт не се симпатизери на принцот. Имено, Хари доживеал дополнително понижување бидејќи откако ја одбил поканата и сместувањето на татко му, му било кажано дека во иднина не може да го посети татко му без претходна најава. Така, Хари бил информиран преку помошниците на кралот дека во иднина ќе мора да испрати формално барање кога ќе сака да разговара со својот татко.
Сепак, „Телеграф“ пишува дека не е многу јасно дали кралот ги знае сите детали од овој договор. Според доверливи извори на „Дејли бист“, кралот Чарлс никогаш не престанал да го сака својот син, но сè повеќе е лут и чувствува сè повеќе болка и непријатност поради постапките на Хари и валкањето на британската кралска куќа, особено на кралицата Камила.