Рекордно количество врнежи поплавија делови од Торонто и оставија повеќе од 167.000 домови без струја, а најмалку 14 луѓе се спасени, објави Би-Би-Си.
Во Торонто паднале речиси 100 милиметри дожд, со што го надмина дневниот рекорд на градот поставен во 1941 година. Неколку летови беа одложени или откажани од аеродромот „Били Бишоп“ поради невремето.
Главниот автопат кој минува покрај реката Дон е блокиран во двата правци поради поплави. Затворен беше и автопатот Онтарио, а полицијата соопшти дека најверојатно ќе остане затворен уште еден ден.
Противпожарната служба во Торонто добила бројни повици од луѓе заглавени во лифтовите поради прекини на струја.
– За 3 часа имавме 25% повеќе дожд отколку што вообичаено би имало во цел јули со сите бури – изјави метеорологот Дејв Филипс.