Поранешниот бек на Манчестер Јунајтед и Англија, Гери Невил беше остар и реален во својата анализа за Sky Sports по прогресот на Албион во четвртфиналето.
Победата и играта на англиските репрезентативци во продолженијата, Невил ја окарактеризира како „очајна“.
„Очајна Англија…Сега мора да промениме нешто драматично“. „Играв со Герет Саутгејт, тој е одлично момче и има огромен интегритет, но вечерва ќе сфати дека бил толку блиску до работ“, ја започнал својата анализа Невил.
Англичаните имаа многу среќа и одличен Белингем, кој погоди со ножички во 95. минута.
„Победата на овој човек е многу важна, но ако мислите дека можете да одите еден месец на турнир играјќи како ние и да стигнете до крајот, мислам дека тоа е нереално. Следниот натпревар ќе биде тежок. Бог ни помогна Белингем да постигне гол“.