Едно лице беше застрелано, а „стотици“ луѓе беа повредени за време на немирите во Нова Каледонија во текот на ноќта додека пратениците во Париз гласаа за уставните измени кои предизвикаа протести на француската прекуморска територија.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди „неприфатливата природа“ на насилството и апелираше на смиреност.
Францускиот министер за внатрешни работи и прекуокеански територии Жералд Дарманен рече дека допрва треба да се утврдат „околностите“ во кои загина едно лице.
Тој рече дека за време на насилствата во текот на ноќта биле повредени „стотина“, меѓу кои и припадници на полицијата и жандармеријата.
Народното собрание синоќа усвои предлог за проширување на изборното тело на архипелагот. Уставната реформа допрва треба да добие три петтини од гласовите на парламентарците кои се состанаа во Конгресот на Версај.
Макрон најави дека Конгресот на Парламентот ќе се состане „пред крајот на јуни“.
Немири избија вчера за време на демонстрациите поради предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.
Зад техничкиот предлог за уставни реформи се крие голем дел од институционалната иднина на Нова Каледонија, а доказ за тоа се зголемените тензии на островот.