Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди дека напорите на Украина за пристапување во ЕУ не може да се забрзаат и покрај руската инвазија. Во своето обраќање пред Бундестагот пред состанокот на лидерите на ЕУ, тој рече дека нема „кратенки“ за влез во Унијата, нагласувајќи дека правењето исклучок од случајот со Украина би било неправедно кон балканските земји кои исто така сакаат членство, пишува Н1.
Претходно месецов францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ќе бидат потребни „децении“ за Украина да стане членка на Унијата, со што се согласи и германскиот лидер.
Шолц во април повика на забрзување на процесот на пристапување на Западен Балкан – Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово.
– Со години тие преземаат интензивни реформи и се подготвуваат за влез (во ЕУ) – рече Шолц.
Тој посочи дека „одржувањето на ветувањата што им беа дадени не е само прашање на „нашиот кредибилитет“.
– Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наш стратешки интерес – рече Шолц.