Раководството на Астон Вила реши да го врзе шпанскиот тренер и му понуди договор на уште три години.
Вила од јо-јо тим повторно стана релевантна сила во англискиот фудбал. Сега се борат за Лигата на шампионите и европскиот трофеј, па не е ни чудо што управата сака да го задржи шпанскиот тренер кој е најзаслужен за овие резултати.
Емери и се приклучи на Вила во октомври 2022 година, кога тимот се бореше за опстанок. На крајот од таа сезона го освои европското натпреварување во Конференциската лига, во кое оваа сезона стигна до полуфиналето. Во лигата жестоко се бори со Тотенхем за четврто место и пласман во Лигата на шампионите.
Поранешниот тренер на Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севиља, Пари Сен Жермен, Арсенал и Виљареал го продолжи договорот до 2027 година, а доколку го заврши тоа ќе биде негов најдолг ангажман со некој клуб.