Здравата исхрана е една од темите на кои најмногу се зборува – што да се консумира, што целосно да се елиминира од менито и зошто. Но она што треба сите да го научиме ако водиме сметка за здравјето е читањето на етикетите, односно, значењето на буквите и бројките со кои се означени адитивите.
Емулгаторите се адитиви кои се додаваат во индустриски произведената храна, со цел да се добие производ со атрактивен изглед, вкус и издржливост. На пакувањето на производот, таквите адитиви се означени со буквата Е и нумеричка шифра која е единствена низ целиот свет, а одобрението дека некој адитив може да се користи го издава Светската здравствена организација.
Листата на адитиви вклучува бои, кои се користат за подобрување на визуелниот изглед на храната, конзерванси, антиоксиданти, стабилизатори, киселини, средства против згрутчување, засилувачи на вкус, засладувачи…
Иако некои емулгатори се безопасни, па дури и корисни, има и други кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Таков, на пример, е Е123, за кој е утврдено дека е токсичен, а во САД е и забранет. Може да го има во гумените бонбони, пудингот со шлаг во пластични чаши, замрзната риба, топени сирења за мачкање…
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.