Нејзината венчавка со нигерискиот фудбалер се случи неколку месеци по нејзиниот развод, а сега таа покажа колку е среќна.
Хрватската актерка Петра Дуганџиќ неодамна ја изненади јавноста со сознанието дека се омажила за 26 години помлад нигериски фудбалер.
Веста дека Петра Дуганџиќ и Макс Нобл го кажале судбоносното „да“ одекна само неколку месеци по разводот на актерката, која стапи во првиот брак со 13 години постар бизнисмен од неа, а тој траеше 12 години.
Дека љубовта доаѓа ненадејно и дека никогаш не треба да губиме надеж, бидејќи не знаеме каде нè чека нашата сродна душа, потврди сега и на социјалните мрежи каде покажа како ужива во романтичните моменти со сопругот.
Откако се венчаа се неразделни, а актерката објави нивни заеднички фотографии на кои позираат прегрнати и заљубени, но и видео во кое откриваат колку им е убаво.
„Поздрави од семејството Нобл“, напиша актерката покрај објавите.
Бидејќи покрај позитивните коментари и честитки, имаше и такви кои го критикуваа нејзиниот брак со многу помладиот фудбалер, таа неодамна им се обрати преку социјалните мрежи.
„Благодарам многу на сите обожаватели кои ни честитаа и ни посакаа среќа, а многу им благодарам и на сите „хејтери“. Сега само ми е жал што пред да ја објавам оваа љубовна приказна во која сум навистина среќна, не се обложив со некого дека ќе реагирате на начинот на кој реагиравте и што ми испраќате супер гнасни коментари на Инстаграм. Ви благодарам за тоа, бидејќи не сте свесни колку со тоа всушност ми помагате“, порачала актерката во пораката.