38-годишна негователка во детска градинка во Велес на децата им давала да користат електрична цигара. По пријавата на случајот против негователката е поднесена кривична пријава.
„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење” казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара“ – информираат од МВР.