Не знаат за рак: Менито на најздравите луѓе во светот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На крајниот север на Пакистан, во долината на планината Хунза, која се наоѓа во регионот Гилгит-Балтистан, има луѓе кои живеат до 120, 130 години. Некои од нив наводно го прославиле својот 145 роденден пред да го напуштат овој свет. Тешко е да се одреди точниот број на години бидејќи Хунзите немаат изводи од матичната книга на родените или докази за поддршка на нивната виталност.

Во останатиот дел од Пакистан очекуваниот животен век е 67 години, но на покривот на светот, во изолираната дивина на Хималаите, владеат сосема различни закони на животот и смртта. Истражувачите забележале дека жените можат да забременат многу доцна, во шеесеттите и подоцна, и се смета дека не се болни од рак. Научниците бараат објаснување во околината и храната.

Хунзите пијат вода од глечерите, одгледуваат сопствена храна, а со оглед на тоа што се отсечени од блиските градови, не јадат ништо преработено. Кајсиите често се на нивното мени, а за време на постот не јадат ништо друго освен свеж сок и јамки од ова супер-здраво овошје со денови или дури со месеци. Месото не е на нивното мени секој ден, доминираат житариците и зеленчукот. Практикуваат јога, вежби за дишење и медитација.

Нивното потекло е обвиткано во мистерија. Тие се поубави од сите соседни народи, а нивниот јазик (буруша) е повеќе сличен на баскискиот отколку на кој било друг што ги опкружува. Се шпекулира дека се потомци на војниците на Александар Македонски кои не можеле да го следат, но решиле да останат на Хималаите.

Share This Article