More

    Не се знае која е поубава и поелегантна, носат еден ист детаљ

    spot_img

    Филип и Летиција, шпанската кралска двојка, на ручек ja угостија кралската двојка од Јордан, а оваа средба не само што беше дипломатска, туку и модна…

    Кралот и кралицата на Јордан, Абдула Втори и неговата поубава половина кралицата Ранија се сретнаа на ручек во Кралската палата во Мадрид, а средбата беше договорена како дел од работната посета на Шпанија со цел зајакнување на воената и безбедносната соработка.

     

     

    Дамите избраа тесни миди фустани со слична должина и крој за оваа пригода, со таа разлика фустанот на кралицата Ранија е со долги ракави.

    Кралицата Ранија избрала фустан во сина боја со цветен моден детаљ, додека домаќинката, кралицата Летиција, оставила поведар и поопуштен, летен впечаток. Нејзиниот фустан бил  целиот во цветни тонови.

     

    Последната сличност лежи во салонките со речиси идентична боја, па можеме да заклучиме дека овие две дами имаат сличен моден вкус.

    Двете дами често носат модели со многу пристапни цени и се доказ дека стилот не се купува, како и дека облеката не мора да чини многу за да се забележи, а повеќе од нивните изданија погледнете во галеријата подолу.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img