More

    Не излегувајте од дома 2 часа после капење, советува Чолакова

    spot_img

    Матичните лекари велат дека во последно време имаат сѐ повеќе работа, затоа што кај нив се зголемува бројот на пациенти кои доаѓаат поради обични настинки, а актуелни се и сите типови вируси.

    Периодов сѐ почесто имаме големи температурни разлики, утрата се постудени, а веќе на пладне имаме значително покачување на температурите, а тоа доведува до изложување на телото на големи разлики кои рефлектираат со заболувања – обичен грип или настинка.

    – Веќе неколку дена имам екстремно висока температура до 40 степени. Тестот за корона излезе негативен, па матичниот ме информираше дека станува збор за некаков вирус кој владее низ земјава. Трет ден пијам „сумамед“ и едвај ми се спушта температурата до 38,5 – вели скопјанецот Игор.

    Тој додава дека покрај зголемената температура има екстремни главоболки во фронталниот дел, болки во грлото и синусите, како и малаксаност.

    За зголемената фреквенција во ординациите на матичните лекари, каде што пациентите со иста симптоматика бараат помош од своите доктори, ни потврди и доктор Лилија Чолакова Дервишова.

    – Времето е променливо во овој период и тоа е вообичаена ситуација секоја година. Има различни вируси, од инфлуенца, обични настинки, херб ангини, но и од бактерии може да се високите температури – вели Чолакова.

    Како причина за ваквите настинки, таа ги посочува големите температурни разлики во денот поради кои луѓето треба да се облекуваат слоевито.

    – Добро ни е познат овој период, затоа што наутро кога ќе излеземе од дома е навистина свежо и мораме подебело да се облечеме, а веќе за час-два нагло се зголемува температурата и нѐ принудува да слечеме дел од облеката. Па таа топло-ладно ситуација е причина за зголемениот број настинати – додава докторката.

    Таа им препорачува на пациентите да консумираат топли напитоци и да внесуваат свежи сокови. Особено да внимаваат веднаш откако ќе се избањаат да не излегуваат, бидејќи порите на телото се отворени уште два часа.

    – Исто така да напоменам дека на сите им препорачуваме што почесто да се движат во природа, да се вежба колку што се може и да се остане активен, затоа што само така може да се помогне при подигнувањето на имунитетот, затоа што тој ќе им е потребен за периодот кој е пред нас – вели за Плусинфо Чолакова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img