Навивач доживеа срцев удар, прекинат натпреварот Гранада-Атлетик Билбао

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Натпреварот од 16. коло во шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Атлетик Билбао е прекинат вечерва во 18. минута, откако еден навивач на трибините на стадионот „Нуево Лос Карменес“ доживеа срцев удар.

Пред да биде прекинат натпреварот, гостинската екипа дојде во водство со голот на Инаки Вилијамс во 6 минута.

Дванаесет минути подоцна главниот судија Мигуел Анхел Отиз означи прекин на играта, откако гостинскиот голман Унаи Симон му укажа на метеж на трибините, каде веднаш се упатија лекарите од двете екипи.

По повеќе од 20 минути чекање натпреварот да продолжи, судијата ги испрати играчите од двете екипи во соблекувалните. Речиси еден час по прекинот официјално беше објавено дека натпреварот вечерва нема да биде продолжен.

Share This Article