Постојат неколку нездрави навики кои повеќето од нас ги практикуваат и кои негативно влијаат на здравјето на бубрезите без воопшто да се свесни за тоа.
Прво, треба да го намалите внесот на сол. Меѓународната организација за здравје на бубрезите препорачува возрасните да консумираат максимум 2.300 милиграми натриум дневно, додека луѓето со бубрежни заболувања или висок крвен притисок треба да го ограничат внесот на 1.500 милиграми дневно.
„Кога јадете премногу сол, бубрезите реагираат така што ја задржуваат водата за да ја разредат. На овој начин тие се оштетуваат. Може да го оштети и срцевиот мускул“, вели д-р С. Адам Рамин.
Според истражувањето објавено во стручното списание „Нутриција“, луѓето кои јадат ултра-обработена храна имаат најголема инциденца на хронични бубрежни заболувања. Така, намалете ја потрошувачката на брза храна и консумирајте повеќе овошје и зеленчук.
Исто така, не треба да претерувате со консумирањето црвено месо. Студија од 2017 година покажа дека тоа е поврзано со ризикот од краен стадиум на бубрежна болест.
Пијалоците со вештачки засладувачи се безбедни доколку ги пиете умерено. Меѓутоа, доколку ги консумирате секојдневно, имате поголем ризик од оштетување на бубрезите, срцеви заболувања и мозочен удар.
Меѓународната организација за зачувување на здравјето на бубрезите објави дека пиењето четири алкохолни пијалоци дневно го удвојува ризикот од хронично заболување на бубрезите, пренесува Klix.ba.
Во уште поголема опасност се лицата кои често пијат алкохол и сакаат цигари“, истакна докторот.