More

    Настава мора да се организира и за време на штрајк

    spot_img

    Oсновните и средните училишта од утре ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, и покрај најавениот штрајк од раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), соопшти денеска Министерството за образование и наука.

    Оттаму објаснуваат дека правната регулатива ги штити интересите и на учениците и согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.

    „Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година“, се наведува во соопштението од Министерството за образование.

    Од МОН порачуват дека училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img