More

    Наследството на Метју Пери се брои во милиони

    spot_img

    Покојната ѕвезда на „Пријатели“, Метју Пери никогаш не се ожени и нема деца. А, во мигов не се знае дали глумецот оставил аманет за своите пари и имотот, па ако не, неговото наследство ќе оди кај неговите најблиски живи роднини.

    – На целата екипа на „Пријатели“ ѝ се плаќаат околу 20 милиони годишно. Тие пари ќе продолжат да одат и за Метју сѐ додека серијата се прикажува на ТВ, без оглед на неговата смрт – изјави адвокатот Тре Ловел за „ЕТ онлајн“.

    Во принцип, овластено лице ќе мора да одреди кој ќе ги наследи авторските права на Пери. Адвокатот претпоставува дека Пери оставил дел од своите пари и на добротворни организации за зависности.

    – Закрепнувањето од зависност беше голем дел од неговиот живот. Тој потроши милиони долари за да се избави од тоа и сигурен сум дека тоа беше нешто важно за него – сподели Ловел.

    Јавноста минатата седмица дозна и дека Пери создал своја фондација пред извесно време.

    Во интервју за Њујорк тајмс во 2022 година, Пери објасни дека „потрошил околу девет милиони долари“ во борбата со зависности.

    Родителите на Пери, Сузан Мари Морисон и Џон Бенет Пери, се сѐ уште живи и најверојатно ќе го наследат неговиот имот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img