Москва иницираше евакуација на населението од украинската територија под контрола на Русија, бидејќи се очекува нова битка за градот Керсон.Украина долго време планира целосна контраофанзива за повторно да го заземе градот, кој лежи на западниот брег на реката Днепар и е врска со анектираниот Крим.
Окупаторската руска влада во Керсон веќе испрати серија предупредувања до цивилите да се евакуираат, а министерот за образование Сергеј Кравцов во видео порака рече: „Ситуацијата е тешка. Важно е да се спасат животи. Нема да помине долго, дефинитивно ќе се вратите“.
Во неделата, руските власти во Керсон објавија дека нема доволно чамци за превоз на граѓаните преку реката, бидејќи сè поголем број луѓе сакаат да го напуштат градот, пишува Sky News.
Од вторникот се евакуирани 25.000 луѓе, објави агенцијата Интерфакс.