Фотонапонската централа од 10 мегавати што ЕСМ ја гради во Осломеј е готова. Деновиве се вршат последните подготовки пред нејзиното пуштањето во производство.
Електраната е во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.
Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ.
ЕСМ соопшти дека увид во активностите извришиле заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на лице место беа информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната.
Од компанијата соопштија дека во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 MW со јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј.