Наскоро ќе има избори во ограноците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска информира за вчерашната седница одржана во седиштето во Мала Речица и изразува жалење што од раководството „сами се отстраниле пет члена“, при што се мисли на припадници на „огнената фракција“. ДУИ најави избор на нови раководства во партиските ограноци.

Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на 1 април годинава, се вели во соопштението од Мала Речица.

Во соопштението се наведува дека Централното претседателство ја официјализира одлуката за претстоен изборен процес во ограноците на ДУИ што ќе се одржи на 2 јули.

„Овие избори во ограноците на ДУИ кои ќе се одржат по принципот ‘еден член’ гласање, ќе служи како платформа за колективно одлучување и ќе ги зајакне демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на патувањето до сега“, се вели во соопштението.

Неформалниот лидер на „огнените“ Изет Меџити завчера во интервју за Коха изјави дека во ДУИ на таен состанок била донесена одлука за нивно отстранување од партијата, а дека најавените избори се всушност распипшани за „огнените“ и дефинитивно да бидат отстранети подалеку од структурите на партијата.

– Сите кадри кои поддржуваа различно мислење и се дел од фракцијата беа разрешени и политички диференцирани како во 80-те во комунистички стил, додека во јавноста се обидуваат да го релативизираат тоа, бидејќи овие позиции припаднаа на Алијансата за Албанците, но граѓаните ги читаат овие ситуации – рече Меџити.

Share This Article