More

    Министерката Тренчевска презентираше податоци за трговијата со луѓе во 2022 година

    spot_img

    Во 2022 година идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив се деца – седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак – шест лица, а две се идентификувани како сексуална експлоатација, од кои едниот случај е онлајн експлоатација. Годинава, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, информира министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на денешната регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе.

    Според министерката, мора подобро да се заштитат и да им помогне на жртвите. Таа посочи дека постојат повеќе услуги за поддршка на жртвите, регулирање на нивната состојба и помош за нивно закрепнување. Центарот за жртви на трговија со луѓе соодветно функционира со целосен капацитет за згрижување на шест лица.

    – Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и закана за слободите и безбедноста на секое општество. Нашата држава и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговијата со луѓе, како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите во регионот, да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе која е транснационален организиран криминал. Потребна е заедничка акција во која ќе се фокусираме на борбата со едно од најтемните реалности во светот денес, во која голем број на жени и мажи, момчиња и девојчиња се заробени – рече Тренчевска.

    Министерката нагласи дека борбата со трговијта со луѓе бара координиран одговор на државните актери, агенциите за спроведување на законот и организациите на граѓанското општество на засегнатите земји, како и соработка на меѓународните актери и организации.

    МТСП преку Секторот за еднакви можности, Одделението за родова еднаквост има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе кој претставува рамка за соработка и координиран пристап меѓу социјалните служби, полицијата, трудовата инспекција и граѓанскиот сектор.

    – Постигнат е значителен напредок во идентификацијата и справувањето со многу од социјалните, економските, културните, политичките фактори кои ги прават луѓето ранливи на трговија со луѓе, но и во формулирањето на сеопфатни политики и програми и во развојот на едукативни кампањи и кампањи за подигање на свеста. Воспоставивме пет мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на центрите за социјална работа, претставници на МВР, на Националната единица за борба против трговија со луѓе и претставници на здруженијата граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример не само во нашата држава туку и во регионот – подвлече Тренчевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img