More

    Народна банка ги намали проекциите за раст на економијата за годинававо однос на априлските проекции

    spot_img

    Народна банка ги намали проекциите за раст на економијата за годинававо однос на априлските проекции. Така годинава економијата ќе порасне за 2,3 %, а наредната за 3,3 %. Инфлацијата годинава ќе изнесува 3,5%, а следната година 2,5% со очекување и натаму да се намалува.

    Според априлските макроекономски проекции, растот на македонската економија беше проектиран на 2,6%. а просечната инфлација за годинава беше проектирана на ниво од 3,5%.

    -Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија. Сепак, најновите проекции упатуваат на малку послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година, во споредба со априлските согледувања, а на среден рок оцените за растот се непроменети- рече Ангеловска-Бежоска.

    На среден рок, во периодот 2026 ‒ 2027 година, се очекува натамошно забрзување на растот, во согласност со очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

    На растот негативно влијае состојбите со извозот, а позитивно инвестициите и растот на потрошувачката. Растот на личната порошувачка изнесуваше 2,5 %, додека на инвестициите 8,2 отсто како резултат на јавните и приватните инвестиции и солиден кредитен раст.

    Извозот се предвидува да расте со стапка од 2,8%, додека на увозот со стапка од 3,9%.

    Во проекциите за раст на економијата, како што рече гувернерката, се предвидени и неповолните очекувања за германската економија која во Европа најбавно закрепнува.

    -За нас германската економија е клучен партнер. Дури и ако се споредиме во рамки на регионот на Западен Балкан нашата изложеност кон германската економија е најголема, нешто над 40 отсот од вкупниот наш извоз се насочува во германската екон0мија. Оттаму, секогаш ги следиме движењата во германската екон0мија и ги вградуваме при нашите проекции. Всушност една од причините за ревизија за изгледите за растот во нашата екон0мија е намалување на странската побарувачка, а во голема меркна на странската побарувачка како доминантен извозен партнер влијае германската економија- реле Ангеловска Бежоска.

    Проекциите, како што рече гувернерката се направени и врз основа на податоците за фискалната политика на земјава во наредните години кои предвидуваат намалување на буџетскиот дефицит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img