More

    Нарко бандите се толку богати и моќни што се инфилтрираа во правосудниот систем корумпирајќи ги државните службенви

    spot_img

    Нарко бандите се толку богати и моќни што се инфилтрираа во правосудниот систем корумпирајќи ги државните службенви, изјави јавниот обвинител за регионот Марсеј на Франција за телевизијата „Франс 2“.

    Франција под дрво и под камен го бара затвореникот Мохамед Арма познат како „мувата“ кој изврши филмско бегство и ја потресе нацијата. Би-Би-Си пишува дека потрагата е ненадмината во поновата историја на Франција. Тој беше осуден за кражба на 10 мај, а обвинителите во Марсеј го обвинија за киднапирање што доведе до смрт.

    „Ќе направиме сè“

    – Сè – и мислам сè – ќе се направи за да се пронајдат сторителите на ова грозоморно злосторство – рече францускиот министер за правда Дупон-Морети, додавајќи дека сторителите се „луѓе за кои животот нема вредност“. Ќе ги најдеме и ќе ги казниме сразмерно на делото што го направија.

    Кој беше Амра? Неговиот адвокат Хуго Вигер изјави за францускиот информативен канал BFMTV дека „тој би сакал да верува дека не бил свесен за планот за ослободување на (Мохамед) Амра“.

    – За мене овој план не се совпаѓа со она што го знам за него. Ако тој стои зад ова, не успеав добро да разберам кој е тој – додаде Вигер.

    Едниот убиен полицаец имал две деца, другиот бремена сопруга

    Според извештајот на некои француски медиуми, Мохамед се обидел да побегне од затворската ќелија на почетокот на оваа недела обидувајќи се да ги пресече решетките од ќелијата.

    Полициско комбе кое го превезувало Мохамед било удрено од напред со „Пежо“ на наплатна рампа за патарина. Излегле мажи со долги цевки на кои им се придружиле други мажи кои излегле од „Ауди“ кое веројатно го следело затворското возило, соопшти француската полиција.

    Мажите неколку пати отвориле оган врз две возила при што убиле и повредиле полицајци, а потоа побегнале и со себе ја земале Амра“, додаваат од полицијата. Парискиот обвинител рече дека две возила за кои се верува дека ги користеле криминалците биле пронајдени изгорени, на различни локации.

    Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети изјави за новинарите дека еден од убиените полицајци „зад себе оставил сопруга и две деца кои за два дена требало да го прослават својот 21 роденден“.

    Вториот убиен полицаец на 34 години зад себе остави сопруга која е бремена петти месец. Во нападот се повредени уште тројца полицајци, а според локалните медиуми повредени се 48-годишен, 52-годишен и 55-годишен маж.

     

     

    13 пресуди, но ниедна поврзана со дрога

    Беко, државниот обвинител од Париз, на прес-конференција рече дека Мохамед Амра имал 13 пресуди, од кои првата била од октомври 2009 година – кога имал 15 години. Медиумите наведуваат дека Амра бил поврзан со банда во јужниот француски град Марсеј, кој е погоден од војна на банди поради дрога.

    Но, Амра не е осудуван за ништо поврзано со дрога, истакна парискиот обвинител.

    Тој беше задржан во одделни затвори во Марсеј, Париз и Руан за време на судскиот процес против него за кражба, што резултираше со затворска казна од 18 месеци. Тој имал претходни 13 пресуди за претежно полесни прекршоци, вклучително и возење без дозвола, кражба и одбивање да застане на барање на полицијата, според БФМТВ.

    Сепак, неговата вмешаност во смртта на маж од Дрокс во близина на Руан, кој беше киднапиран во Марсеј за прекршоци поврзани со трговија со дрога, укажува на вмешаност со посериозни криминалци, се вели во извештајот.

    Франција е преплавена со дрога

    Овој напад врз полицајци се случи истиот ден кога францускиот Сенат објави извештај во кој предупредува дека Франција е „преплавена“ од криминал поврзан со дрога.

    Во нелегалната трговија со дрога има „експлозија на понуда и побарувачка“.

    „Ниту еден дел од националната територија и ниту една социјална класа не е надвор од дофатот на криминалот поврзан со дрога. Шверцот со дрога се инфилтрира насекаде, со придружно влошување на насилството“, се наведува во соопштението и се додава:

    „Ширењето на криминалот поврзан со дрога не е само резултат на странските мафии. Тоа е исто така дело на структурирани и опасни француски организации кои работат без никакви ограничувања, без разлика дали се финансиски, територијални или во употреба на насилство“.

    Околу 50 луѓе беа убиени во престрелки поврзани со дрога во Марсеј минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img