Напуштен хотел претворен во депонија, соби полни со разно ѓубре
Напуштениот хотел ДМБ на улицата Маричка во населбата Раковица во Белград е претворен во депонија.
Репортерот на ФоНет пронашол соби полни со разно ѓубре на долните катови од зградата, а биле пронајдени и трупови на животни. И покрај тоа што синоќа избувна пожар во оваа зграда, забележани се луѓе кои се уште престојуваат таму.
Жителите на оваа населба, со кои разговараше репортерот на ФоНет, велат дека ова е повеќегодишен проблем и извор на зараза, дека се пожалиле кај надлежните, но ништо не се сменило на подобро.