Налепниците со кодот „NМК“ кои се лепат на регистарските таблички, може да бидат заменети доколку возачите забележат оштетувања

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Налепниците со кодот „NМК“ кои се лепат на регистарските таблички, може да бидат заменети доколку возачите забележат оштетувања – информираа МВР, откако граѓани се пожалиле дека налепниците лесно се одлепуваат или се оштетуваат, дотолку што може и да не се гледа кодот.

Од МВР информираат дека секој граѓанин чија налепница е оштетена, може да добие нова во станиците за технички преглед. И во тој случај, налепниците ќе бидат целосно бесплатни.

Секој возач кој сака да добие нова налепница „NМК“ , треба да оди во станица за технички преглед со своето возило, каде еден од вработените ќе му ја залепи. Важно е тоа да биде согласно процедурата, бидејќи се води евиденција за издадените налепници, информираат од МВР.

Share This Article