Највисокиот суд во Обединетите нации му изрече мерка на Израел

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Највисокиот суд на Обединетите нации денеска му нареди на Израел веднаш да го запре воениот напад во градот Рафа на југот на Појасот Газа. Меѓународниот суд на правдата (МСП) во својата одлука наведе дека „не е убеден“ оти евакуацијата на Рафа и другите израелски мерки се доволни за да се намалат страдањата на Палестинците, пренесоа агенциите.

Читајќи ја одлуката за новите привремени мерки утврдени од МКС, претседателот на судот, Наваф Салам, рече дека привремените мерки наложени од судот во март не дале резултат на ситуацијата во Газа и дека се стекнати услови за нова итна мерка.

– Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива во Рафа – рече Салам.

Судот го потврди барањето на Јужна Африка за Израел да ја запре својата офанзива во Рафа на една недела, откако Преторија тоа го побара во случајот во кој  го обвини Израел за геноцид во Појасот Газа.

Само оваа недела, три европски земји објавија дека ќе ја признаат палестинската држава, а главниот обвинител на друг суд на ОН побара налози за апсење на израелските лидери и претставници на Хамас.

Палестинското исламистичко движење Хамас ја поздрави денешната одлука на Меѓународниот суд на правдата да му наложи на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Од друга страна, како што наведуваат агенциите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, е под притисок дома да стави крај на војната предизвикана од нападот на палестинските екстремисти од Газа во јужен Израел, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени повеќе од 250 заложници. Повеќе од 35.800 Палестинци загинаа во израелската воена кампања како одмазда во Газа.

Илјадници Израелци демонстрираат повикувајќи ја владата да постигне договор за ослободување на заложниците.

Израел, исто така, најави дека ќе ја отфрли наредбата на МКС за прекин на операциите.

- Advertisement -
Ad image

– Нема сила во светот што ќе го спречи Израел да ги заштити своите граѓани и да го гони Хамас во Газа – изјави портпаролот на израелската влада Ави Хајман.

Израелските лидери постојано ги отфрлаа обвинувањата за геноцид како неосновани и тврдат дека операциите во Газа се самоодбрана и дека екстремистите на Хамас се тие кои започнаа нападот на 7 октомври.

Share This Article