More

    Пловките на реката Нарва се отстранети

    spot_img

    Руското повлекување на пловките што ја означуваат руската граница со Естонија на реката Нарва е „неприфатливо“, изјави денеска шефот на дипломатијата на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел, велејќи дека ЕУ очекува од Русија објаснување за отстранувањето и замена на пловките.

    Што прават Русите на границата со Естонија? Руските граничари ги отстранија навигациските пловки од естонската страна на реката што ги дели двете земји, соопшти во четвртокот балтичката земја, додавајќи дека ќе бара објаснување, како и враќање на опремата.

    Околу 24 од 50 пловци неодамна поставени на реката Нарва за обележување на патиштата за едрење беа отстранети во раните утрински часови во четвртокот, се вели во соопштението на естонската полиција и граничната стража.

    Природните промени на речното корито прават неопходно годишно да се повлекуваат поморските правци, соопштија од властите, додавајќи дека локацијата на пловките меѓу Русија и Естонија биле спорни уште од почетоката на руската окупација на Украина во 2022 година.

    Руското Министерство за одбрана претходно оваа недела накратко објави предлог за ревидирање на поморската граница на Русија во источниот дел на Балтичкото Море, но подоцна го избриша од својот официјален портал откако тоа создаде загриженост меѓу членките на НАТО, вклучително и Естонија.

    Не беше веднаш јасно дали остранувањњто на пловките е поврзано со некој руски план за границата на Балтичкото Море.

    Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека го третира отстранувањето како провокативен инцидент на границата и дека ќе побара објаснување, како и итно враќање на бовите.

    „Оваа акција на Русија, спроведена во сенка на ноќта, добро се вклопува во пошироката шема на провокативното однесување на Русија, вклучително и на нејзините граници со соседите“, се вели во соопштението.

    Реката Нарва тече од езеро меѓу Русија и Естонија и завршува во Финскиот залив, дел од Балтичкото Море.

    Руското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во четвртокот изјави дека границите на Русија на Балтичкото Море треба да бидат во согласност со меѓународното право, а работата на Министерството за одбрана за разјаснување на границата е од техничка природа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img