More

    Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ повторно ограбена!

    spot_img

    Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ е повторно ограбена, а сега се огласи и откри што точно се случило.

    Имено, Тамара била мета на крадци во возот на пат кон Венеција, а украден и е куферот полн со работи.

    „Момчето влезе во возот, ми го зеде куферот и побегна. Во куферот немаше накит, часовници, чанти „Ермес“ или нешто слично, само работи кои многу ги сакам, како што е шминка и три камери кои ги користам за снимање и фотографирање. На куферот има мои иницијали, па не е погоден за препродажба. Ако некој во Милано го види, нудам 5.000 евра како награда ако го фатите момчето што го украде“, напишала Тамара на својата Инстаграм и додала:

    „Сакам луксузни работи, но се врзувам и за работи кои многу ми се допаѓаат. Го сакам овој куфер што го дизајнирав и во него се наоѓаат некои од моите омилени работи како фармерките „тотем“ што ги носам постојано и не можам да ги заменам и чантата „савет“ којашто знаете дека ја сакам. Исто така, чантата за шминка во која се наоѓаат моите производи за нега на кожа и „ЛВ нано“, како и некои други мои чанти и чевли кои ги обожавам.

    „Се наоѓам на деловен пат, знаете дека мојот професионализам е на прво место. Сега не можам многу да направам за целата ситуација бидејќи одам во Венеција (на станицата купувам шминка, полнач за телефон и долна облека). Немам ништо со мене, ќе дадам сè од себе да направам сè како што треба. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта. Од моето искуство учиш секогаш да ја држиш главата горе, да ја гледаш поубавата страна на сè, а што се однесува до мене најдобрата страна е тоа што никој не е повреден. Учете од ова и останете безбедни“, додала на крајот Тамара Калиниќ.

    Инаку, во јули 2021 година, крадци го ограбија станот на Тамара Калиниќ во Париз и однесоа работи вредни повеќе од 300.000 евра.

    „Ми зедоа сè“, рекла тогаш Тамара, а полицијата тогаш и кажала дека „самата покажувала што сè има“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img