Најмногу се опарила пратеничката Јадранка Поцкова која зела 12.200 евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Собранието лани  за патни трошоци на пратениците потрошило повеќе од  366.000 евра, објави агенцијата  Мета.мк.

Некои од пратениците добивале и по 1.000 евра месечно за патни трошоци од и до своето место на живеење.

Најмногу пари за гориво и патарини лани биле исплатени на Јадранка Поцкова, пратеничка од Струмица од ВМРО-ДПМНЕ. Таа добила 12.200 евра, што значи месечно на платата што ја добивала, на сметката ѝ легнувале уште дополнителни 1.000 евра.

Зад неа е  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов од Струмица,на кого Собранието  лани му исплатиле 11.512 евра, и пратеничката од СДСМ Љубица Спасова од Струмица која  за гориво и патарини добила 11.328 евра.

Пратеникот од СДСМ, пак, Миле Талевски од Прилеп за патни трошоци зел 10.637 евра, а Драгица Ѓавочанова од СДСМ, исто така од Прилеп – 9.663 евра.

Во 2022 година, пак, на Поцкова за патни трошоци ѝ биле исплатени над 14.000 евра, што е највисока сума од сите пратеници. Високо котира и Жаклина Лазаревска од СДСМ, од Охрид, на која ѝ биле исплатени 13.500 евра, додека Мирче Аџиоски од Струга, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зел 14.400 евра.

Share This Article