More

    Најмногу кредити се подигаат за купување стан и автомобил

    spot_img

    Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3%, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 % и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка.

    Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5% на месечна основа, при годишен раст од 6,8%. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ, се резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

    Кај кредитите на корпоративниот сектор  во март нема промена во споредба со претходниот месец. На годишна основа, е забележан раст од 5,4 %, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

    ‒ Во март 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4% и годишен раст од 5,8%. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8% и 13,1% на месечна и на годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8 % односно 6,8%. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3 %, при годишно зголемување од 6,1%. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7%, додека на годишна основа се намалени за 21,2%, информира НБ.

    Вкупните депозити во март, се намалени за 0,9% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

    Како што наведува централната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки  за  8,7% на годишна основа. Растот се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.

    Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4% на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,25, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img