More

    Најмлаку 26 лица од кои 12 деца помлади од 15 години синоќа биле затруени со алкохол во познат ноќен клуб во Белград и биле пренесени во болница во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол во крвта

    spot_img

    Најмлаку 26 лица од кои 12 деца помлади од 15 години синоќа биле затруени со алкохол во познат ноќен клуб во Белград и биле пренесени во болница во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол во крвта.

    -Беа во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол. Станува збор за сериозна состојба. Загрижува фактот што малолетниците пристигнуваат во ваква тешка состојба – изјави за Блиц, Иван Лековиќ, доктор на Итната помош на Воената медицинска академија (ВМА) во Белград.

    На социјалните мрежи беше објавено видео снемено пред пред клубот во кој се случил инцидентот, а на видеото се гледаат силни полициски сили, но и возила за итна помош.

     

    – 26 лица, од кои 12 се деца помлади од 15 години, отруени се со „шпиритус“ на забава во познат белградски клуб. Цела ноќ ја поминале на VMA, а во крвта им бил пронајден висок процент на етанол – стои на страницата на Инстаграм moj_beo_grad_.

    Надлежните служби поведоа истрага за страшниот инцидент кој ја потресе српската јавност. Од клубот „Синер“ во кој се случил инцидентот, соопштија дека клубот синоќа бил изнајмен за привата прослава.

    „Клуб „Синер“ беше изнајмен за приватна прослава синоќа. Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани. Со ова го изразуваме нашето жалење и загриженост за несаканите настани“ – се наведува во објавата на Инстаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img