Најмалку шест лица загинаа, а 18 се повредени во вторникот во судир на камион и училишен автобус, во централниот дел на американската сојузна држава Охајо. Меѓу жртвите во тешката соображајна несреќа има и тројца тинејџери, јавува ABC News.
Во несреќата учествувале пет возила – автобус кој превезувал средношколци, две службени и две приватни возила.
Најмалку три возила се зафатени во пламен, соопшти полицијата. До страшниот судар дошло кога камион одзади удрил во училишен автобус, по што возилото со децата се запалило.
Автобусот бил целосно опожарен.