Најмалку четири лица загинаа за време на инцидент во трговски центар во Сиднеј

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Најмалку четири лица загинаа за време на инцидент во трговски центар во Сиднеј, пренесува Гардијан. Австралиската полиција потврди дека меѓу убиените е и напаѓачот. Толпа луѓе побегна од трговскиот центар „Бонди Вестфилд“, а во тек е голема полициска акција. Локалните медиуми објавиле дека пукотници се слушале внатре во центарот, а има наводи дека имало повеќекратно бодење.
Џејсон, еден од купувачите евакуирани од центарот, изјави за австралискиската телевизија „Канал 9“ дека го видел наводниот напаѓач со „голем нож“.

– Сите почнаа да трчаат кон крајот на зградата- изјавил тој.

Тој тврди дека подоцна бил сведок на моментот кога полицијата пукала во наводниот напаѓач. 

– Таа (полицајката) го застрела, а потоа пробаа да му го реанимираат срцето со ЦПР – истакна Џејсон.

Еден човек кој дал изјава за „Канал 9“, тврди дека муштериите се обиделе да им помогнат на мајка и на нејзиното бебе кои биле избодени со нож. Тој додаде дека го држел бебето и заедно со другите се обиделе да ја стиснат раната. „Канал 9“ јавува дека деветмесечното бебе е префрлено во болница каде што е на лекување. Сведокот нагласи дека мајката обилно крвари.

 

 

 

 

 

 

Локалните медиуми објавија истрели од огнено оружје во трговскиот центар Вестфилд на раскрсницата Бонди. Полицијата соопшти дека е прогласен критичен инцидент по пукањето на маж непосредно пред 16:00 часот по локално време (07:00 BST; 08:00 GMT) по извештаите за повеќекратни прободувања.

Share This Article