– Сите почнаа да трчаат кон крајот на зградата- изјавил тој.
Тој тврди дека подоцна бил сведок на моментот кога полицијата пукала во наводниот напаѓач.
– Таа (полицајката) го застрела, а потоа пробаа да му го реанимираат срцето со ЦПР – истакна Џејсон.
Еден човек кој дал изјава за „Канал 9“, тврди дека муштериите се обиделе да им помогнат на мајка и на нејзиното бебе кои биле избодени со нож. Тој додаде дека го држел бебето и заедно со другите се обиделе да ја стиснат раната. „Канал 9“ јавува дека деветмесечното бебе е префрлено во болница каде што е на лекување. Сведокот нагласи дека мајката обилно крвари.
The terrorist in Sydney Australia was shot pic.twitter.com/v1wBPtM4ua
— Mossad Commentary (@MOSSADil) April 13, 2024
First video shows brave civilians fighting off the terrorist in Sydney, Australia.
Several people killed.
Via @AnnoymousGiraf pic.twitter.com/nDjHQUh5vX
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 13, 2024
Локалните медиуми објавија истрели од огнено оружје во трговскиот центар Вестфилд на раскрсницата Бонди. Полицијата соопшти дека е прогласен критичен инцидент по пукањето на маж непосредно пред 16:00 часот по локално време (07:00 BST; 08:00 GMT) по извештаите за повеќекратни прободувања.