Најмалку 29 лица загинаа во поплавите на југот на Тајланд, каде до утре се очекуваат обилни дождови, соопштија тајландските власти.
Поплавите започнаа кон крајот на ноември, за време на сезоната на монсуните и погодија повеќе од 155.000 домаќинства во неколку провинции.
Најмалку 33.000 луѓе се раселени.
Поплави ја погодија и соседна Малезија, каде претходно беа пријавени пет жртви.
Монсуните во Југоисточна Азија се засилија поради глобалното затоплување и научниците предупредуваат на опасност од почести поплави.