More

    Најмалку 13 лица загинаа во Кенија за време на антивладините демонстрации

    spot_img

    Најмалку 13 лица загинаа во Кенија за време на антивладините демонстрации кои се претворија во хаос, изјави денеска претставникот на кениското лекарско здружение Симон Кигонду оценувајќи дека билансот е привремен.

    „Засега имаме најмалку 13 загинати, но тоа не е конечната бројка. Никогаш порано не сме го виделе тоа. Имавме насилство во 2007 година по изборите, но никогаш вакво ниво на насилство врз невооружени луѓе“, изјави Кигонду за АФП.

    Полицијата соопшти дека во текот на ноќта испукала повеќе од 700 празни куршуми врз демонстрантите во Гитураи, предградие на Најроби, според АП.

    Демонстрантите кои се против предлог-буџетот за периодот 2024-2025 година и новите даноци, вчера насилно влегле во собраниската зграда и запалиле еден дел, а пратениците побегнале.

    Армијата беше распоредена во текот на ноќта за да ја поддржи полицијата за време на „безбедносната вонредна состојба“.

    Претседателот Вилијам Руто ги нарече протестите „предавнички“ и вети дека ќе ги смири немирите „по секоја цена“.

    Според граѓанските организации, повредени се повеќе од 100 луѓе. Засега не е познато колку лица се уапсени.

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази жалење за податоците за загинатите и повредените.

    „Ги повикувам кениските власти на воздржаност и повикувам сите демонстрации да се одржат мирно“, напиша тој на Икс.

    Демонстрантите се главно млади луѓе фрустрирани од поскапувањето на горивата, храната и другите потреби.

    Противењето на буџетот обедини голем дел од земјата, при што некои експлицитно ги отфрлаат племенските поделби што ја поделија Кенија во минатото.

    Некои од луѓето кои страсно го поддржуваа Руто се почувствуваа изневерени.

    Локалните медиуми со денови зборуваат за потребата од дијалог.

    На протестите вчера беше и кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, пренесува Ројтерс.

    Солзавец беше фрлен врз толпата во која таа беше, пред кенискиот парламент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img