More

    Најмалата „соба за бегство“ на светот е ковче

    spot_img

    Стравот да не биде жив закопан и заробен во ковчег ги опседнуваше ликовите на писателот Едгар Алан По и сега го инспирираше она што се смета за најмалата соба за бегство во светот – искуство со тема мртовечница, а не за клаустрофобични.

    Сложувалката во живо е развиена од шпанската компанија Horror Box во Барселона и е наречена „Каталепсија“, референца за медицинска состојба која лесно може да се помеша со смрт.

    Учесниците имаат 30 минути да се ослободат внатре во ковчегот со решавање на загатки преку тимска работа со својот партнер во соседниот ковчег, комуницирајќи преку разглас.

    Мајсторката на овие игри, Аурора Алварино, која ги следи играчите преку камери, оваа соба ја дефинира како „теретана за умот“. Таа рече дека целта на атракцијата е да се рекреира „ситуација која порано или подоцна сите ќе ја доживееме: вашиот сопствен погреб“.

    Миријам Кастела, 22-годишна актерка избрана од компанијата да ја демонстрира играта, признала дека се чувствувала „малку исплашена“ откако се затворил капакот на гајбата.

    Нејзиниот партнер за демонстрација, 39-годишниот танчер Карлос Гранедо, рече дека претходно учествувал во околу 15 соби за бегство, но ова искуство го опиша како уникатно.

    Играчите можат да прилагодат неколку аспекти според нивните преференции, вклучувајќи го и типот на ковчегот или дали сакаат да бидат „кремирани“ во виртуелен пламен и вештачки чад.

    „Каталепсија“ црпи инспирација од стравот да не биде жив закопан – или тафофобијата – што беше широко распространета во текот на 19 век, како што се гледа во расказот на По „Предвремено погребување“, кој беше адаптиран во филм во 1962 година, пишува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img