Еден од најпознатите спортисти во светот, Кристијано Роналдо, се искапи во мал базен со ледена вода во Финска. Португалецот издржа една минута на -20 степени, а можеби за тоа му помогна фактот што долго време користи криотерапија за да се регенерира по напорните тренинзи. Роналдо не успеа да го убеди својот син да влезе во водата.
„Чувствуваш како те обзема студот,“ напиша Роналдо во описот на видеото.
Фудбалерот е во Лапонија заедно со своето семејство во посета на Дедо Мраз.
Капењето во ледена вода е дел од ритуалите на рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот лидер се капи за Водици, а тоа го направи во 2018 и во 2021 година, а според наводите на Кремљ и во 2023 година.