More

    Брејк победа на Бостон во големото НБА финале

    spot_img

    Лука Дончиќ и неговите соиграчи од Далас се сѐ подалеку од титулата во НБА лигата, откако загубија од Бостон и во третиот натпревар од финалната серија со 106-99. Со брејк-победата во Далас, Бостон сега само една победа го дели од 18. шампионска титула во НБА.

    Клучот за победата на најмоќниот офанзивен тим во лигата лежи во одличната тимска игра во третата четвртина (35:19), каде франшизата од Бостон успеа да дојде до првата, сериозна предност (85:70).

    По примерот на последниот натпревар во „ТД Гарден“, Далас некако успеа да фати резултатски приклучок на крајот од одлучувачкиот период, но не и да го направи конечниот пресврт.

    Со серијата 20:2 во режија на Вашингтон и Ирвинг, Далас на три минути до крајот дојде на само еден поен заостанување (92:93). Притисокот  донесе лоша серија за Селтикси, кои погодија само еден шут од поле за осум минути, но на крајот сепак, гостинската екипа славеше голема победа.

     

    Селтикси ја демонстрираа својата моќ и во Тексас, покажувајќи на дело зошто сѐ уште е непоразен тим во плеј-офот оваа сезона кога се во прашање натпреварите на гости.

    Тие трет пат по ред го задржаа Далас под 100 поени, а сето тоа го направија без помошта на Кристапс Порзингис. Летонецот се повреди во вториот натпревар и покрај тоа што сакаше да игра во Далас, лекарите едноставно не му дозволија. Без играчот, со кој имаа плус 25 разлика на теренот, Бостон успеа да добие капитален брејк, со оглед на фактот дека никогаш во историјата на НБА не се случило во големото финале некоја екипа да надополни негатива од 3-0 во серијата.

    За Далас дополнителен проблем во финишот беше исклучувањето на Лука Дончиќ. Последните четири минути Словенецот ги следеше од клупата, со оглед на тоа што мораше да ја напушти играта поради шест направени фаули.

    Без помошта на Дончиќ, кој ги направи последните два прекршоци во иста минута од играта, потпирајќи се само на расположениот Кајри Ирвинг, Мавси едноставно немаа доволно сила и свежина за да постигнат целосен пресврт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img