Најавени се екстремно ниски температури, предупредува Општина Кавадарци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Општина Кавадарци попладнево излезе со препорака до возрасните лица кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, поради најавените екстремно ниски температури.

– Во пресрет на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица, Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите. Се препорачува, старите лица кои моментално живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини – препорачаа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Воедно, упатен е и повик до ловците во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од своето хоби.

Општина Кавадaрци. исто така, апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуваат кон Бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, во ридско – планинскиот села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро. 

Share This Article