More

    Се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација, пациентот ќе дојде на клиника ако има потреба од преглед

    spot_img

    Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација.

    – Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно ѝ треба сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа и фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции – рече министерот одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реновираните простории на Универзитетскиот институт за радиологија.

    Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина – консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот за да го прегледа физички.

    Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова потврди дека како институција, имаат испратено неколку дописи до „Мој термин“ за настанат проблем, особено за итни пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар.

    – Значи, немаме можност и да влегуваме во системот и да гледаме како се тие упатени, кој е проблемот поради кој доаѓаат кај нас, за да им се изврши одредена дијагностичка процедура. Се надеваме дека „Мој термин“ ќе покаже слух за овој проблем, затоа што, верувајте, за да се постави една дијагноза за состојбата на пациентот и тоа како ни се потребни информациите што доаѓаат однадвор без разлика дали е тоа лабораторија, клинички преглед или други дополнителни иследувања – појасни Николова.

    Министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Тој беше прашан и каде е заглавен процесот во врска со нови лекови на Позитивната листа.

    – Не е заглавен воопшто. Со директорот на ФЗОМ сме во редовна комуникација, чекаме да се формира УО на ФЗОМ. На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лека што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа – рече Таравари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img