Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цение на нафтените деривати во просек за 1,10 %. Поединечно се зголемуваат малопродажните цени на бензините за 0,50 денари по литар, а на нафтата за греење за 1,50 денари. Цената на дизелот не се менува.
Од полноќ цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 76денари по литар, а на „еуросупер-98“ 78 денари по литар. Цената на дизелот останува 70,50 денари по литар, додека цената на масло за горење ќе изнесува 69,50 денари по литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 43,844 денари по килограм.