More

    Надвор од функција РЕК Битола поради проблем со трафостаница на МЕПСО

    spot_img

    Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем. Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока, соопшти АД ЕСМ.

    Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија.

    Поради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година. Овојпат, нема сериозни штети врз опремата на РЕК Битола, а стручни лица од РЕК Битола и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денешниот инцидент.

    Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img