More

    Надал со својата изјава ги воодушеви Шпанците и сите љубители на тенисот

    spot_img

    Рафаел Надал конечно кажа што чека Шпанија, а неговата изјава ќе ги воодушеви сите вистински љубители на тенисот.

    „Би сакал да играм двојки со Карлос Алкараз на Олимпијадата во Париз“, изјави Надал во интервју за шпанската национална телевизија, додавајќи:

    „Мојот план е да играм, но се уште не знам во кои натпреварувања. Тоа ќе го одлучам во наредните месеци, но навистина би сакал да играм во пар со Карлос. Сакам да играм на Олимписките игри без разлика што ќе се случува на Ролан Гарос“, потсети Надал дека оваа година на истиот стадион се одржуваат два големи настани.

    Јасно е дека, доколку ситуацијата со повредата не се одвива во позитивна насока, би му било многу полесно да настапи во парови или мешани на ОИ, бидејќи физичкиот напор е многу помал.

    Шпанецот уште еднаш истакна дека не е сигурно дека за околу еден месец ќе се натпреварува за Ролан Гарос, кој го има освоено рекордни 14 пати.

    „Во моментов едвај размислувам да играм на стадионот Филип Шатрие, но сакам да си дадам можност дека мојата ситуација ќе се подобри дотогаш“, објасни тој.

    „Немам императив да играм, немам веќе тениски соништа, но уживам во тренинзите и натпреварите, се разбира кога здравјето ми е добро за тоа. Сè уште има денови кога сè е добро и денови кога сè е тешко. Сега мојот единствен план е да не се повредам повторно, бидејќи ако тоа се случи, готово е“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img