Организаторите на Австралија опен ги одредија носителите за првиот годинашен грен – слем турнир кој почнува на 16 јануари, а тоа се Рафаел Надал во машка и Ига Швјонтек во женска конкуренција.
Поради повреда турнирот во Мелбурн ќе го пропушти првиот светски рекет, Шпанецот Карлос Алкараз, и не негово место за прв носител е одреден сонародникот Надал, кој лани ја освои титулата на Австралија опен со триумф во финалето над Русинот Данил Медведев.
Зад Надал следуваат Каспер Руд (Норвешка), Стефанос Циципас (Грција), Новак Ѓоковиќ (Србија) и Русинот Андреј Рубљов како петти носител.
Во женска конкуренција, зад Швјонтек, меѓу првите пет носителки се најдоа Онс Џабер, Американката Џеси Пегула, Каролин Гарсија од Франција и Арина Сабаленка од Белорусија.