Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, жителите на Народна револуција, на Франц Розман, Бајрам Шабани, како и жителите во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното градско подрачје целосно е стабилизирано водоснабдувањето.

– Над 80 отсто од граѓаните непречено добиваат вода од водоснабдителниот систем. Во текот на наредните неколку часа се очекува целосно стабилизирање во сите делови од градот. Напоменуваме, водата да се користи како техничка, сѐ до конечна потврда од Центарот за јавно здравје која треба да направи три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење – изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

По првата анализа резултатите се очекуваат во рок од 48 часа, а потребни се три последователни анализи.

И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски информира дека водоснабдувањето полека се стабилизира и дека ќе се надмине проблемот во текот на наредните часа.

– Извинување во мое име и благодарност до сите граѓани за разбирањето за настанатата хаварија и нарушениот процес на водоснабдување на градот поради лошите временски услови. Благодарност до екипите на ЈП „Водовод“ кои многу посветено и професионално го санираа овој проблем со водоснабдување на градот – рече Димитриевски.

Во текот на денот ќе се одржи уште еден состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување.

Вчера утро надлежните информираа дека водата е заматена поради обилните дождови во Липковско. Во текот на вчерашниот ден кумановци немаа вода, освен неколку населби кои се снабдуваат со вода од „Митев мост“ и од Бедиње.

Share This Article